1 коментар 2 мин. читање 19 декември, 2016

Силен ветар е причината за падот на дронот на Facebook, Aquilla

Facebook ја објави причината за падот на дронот Aquila. Силен ветар го подигнал леталото пред неговото слетување. Поради ова целото летало е речиси уништено, но за среќа нема повредени. Анализата е за падот на тестовите направени со дронот од јуни.

Што се однесува до дронот, десното крило е речиси потполно уништено, јави Recode. Неочекуваниот ветер го подигнал леталото во текот на слетување, поради ова автопилотот го спуштил носот на дронот, што ја зголемило брзината на леталото и десното крило се удрило на земјата. Четири секунди подоцна леталото паднало.

Беспилотните летала се дел од решението и идејата на Facebook за зголемување на интернет покриеноста. Леталата треба да помогнат за покривање на рурални реони, кои немаат пристап до интернет. Ова е дел од Internet.org иницијативата во која учествуваат повеќе партнери. Facebook веќе најави дека тестовите продолжуваат наскоро со нова надградена верзија на Aquila.

Леталото имаше проблеми на самиот старт од тестовите и првите летови. Тестот требаше да трае околу 30 минути, но бидејќи се беше во ред за време на тие 30 минути, инженерите го продолжија тестирањето. Со оглед на тоа како заврши леталото излезе дека тоа не било најдобра идеја, бидејќи по 96 минути леталото се сруши.

Сепак токму овие тестови се клучни за иднината на технологијата. Причината за рушењето можеби е зголемувањето на температурата на воздухот. Се претпоставува дека сонцето го загреало воздухот што можеби е причина за неочекуваното струење.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top