TabTale Архивиран оглас

Application Developer

пракса 22 ноември, 2016
Овој оглас повеќе не е активен. Содржината е зачувана како дел од архивата на IT.mk Кариера.
Види активни позиции
Детали за огласот

За позицијата

TabTale Македонија, еден од водечките издавачи на мобилни игри со над 1 билион преземања на глобално ниво, ќе организира бесплатна обука за програмери на мобилни апликации.

Бараме кандидати кои имаат диплома по компјутерски науки или се при крај со нивните универзитетски студии. Ќе се смета за предност доколку кандидатот има докажано искуство во развој на софтвер, поточно, развој на софтвер од клиентската страна и UI/GUI. Секој кандидат мора да знае англиски јазик и најголема предност ќе се смета доколку кандидатот има креативна позадина (еден од следниве: графика, музика, литература, уметност).

Во текот на три-неделната обука во Декември, избраните кандидати ќе научат како да се креираат апликации во XML. Покрај теоретскиот дел, тие ќе имаат можност да видат вистински примери на практично кодирање и на крајот ќе добијат задача да креираат игра каде што ќе покажат што научиле од обуката.

Пријавените кандидати ќе бидат тестирани (основно програмирање, англиски јазик, логика) и најуспешните кандидати ќе бидат избрани да учествуваат во обуката.

На крајот на програмата, учесниците ќе имаат шанса за вработување и понатамошно развивање на својата кариера како дел од TabTale Македонија.

Три-неделната обука започнува на 12.12.2016, а ќе се одржи од 09:00 до 17:00 во канцелариите на TabTale Македонија. Сите заинтересирани кандидати можат да се пријават на [email protected] најдоцна до 01.12.2016.

Повеќе информации на [email protected]

Мени
Заедница
Изглед
To top