Автори и соработници за IT.mk
Компанија која нуди широк спектар на ИКТ услуги.
За позицијата
IT.mk, портал за информатичка технологија основан во 2007 година кој е во сопственост на ИТ компанијата IWM Network, бара хонорарни автори и соработници.
Конкретно, се бараат соработници за пишување на содржини на дневно, неделно или месечно ниво. Форматот и квантитетот на содржините ќе зависи од самиот кандидат и неговите можности и интереси.
Особено од интерес ни се автори и соработници кои имаат искуство во наведените области и би сакале да пишуваат на следниве теми:
- хардвер и електроника,
- телеком сектор и мобилни телефони,
- стартапи и дигитална економија,
- интернет маркетинг – SEO, совети, студии на случај,
- дизајн – веб и графички, мултимедија, и
- програмирање – новости, развој на софтвер, туторијали.
Ангажманот би бил регулиран со исплаќање на авторски хонорар преку авторска агенција со платен персонален данок. Износот на самиот хонорар ќе биде дефиниран согласно ангажманот и договорот со авторот.
Огласот ќе трае до 1 декември, 2016-та година со можност за продолжување.