0 коментари 1 мин. читање

Збогум за United Front Games

Портите на развивачите на забавната Sleeping Dogs се затворија. Ваквото нешто е сè само не очекувано; United Front Games добија огромна легија SD фанови и додека сите очекуваа да најават работа на продолжетокот, продуцентот Џен Тимс ја остави следнава порака:

„Ја оплакувам најдобрата работа која некогаш сум ја имала и најдобриот тим со кој некогаш сум работела.“ – гласеше изјавата на дел од тимот.

Официјално, тимот од Ванкувер допрва треба да го најави затворањето, но ваквата изјава заедно со повлекувањето на раната верзија на Smash+Grab остава јасна порака за црната иднина на студиото.

Никој не ја очекуваше Smash+Grab, игра која наликуваше на хибрид од Dirty Bomb, Battlecry и APB, но играта беше доволно интересна и привлече солидна база играчи за време на осумте недели за кои беше излезена. Што се однесува до продолжетокот на Sleeping Dogs, таквото нешто и понатаму е можно затоа што правата ги држи издавачот Square Enix.

wei-shen-sleeping-dogs-16013-1920x1080

Од формирањето во 2007, United Front Games работеше на ModNation Racers, Sleeping Dogs и LittleBigPlanet Karting, а соработуваше во изработката и на Halo: The Master Chief Collection и Disney Infinity. Покрај работата на Smash + Grab, тимот работеше и на Sleeping Dogs мрежен спин-оф Triad Wars. Да се каже дека иднината на последните два наслови е загрижувачка би било огромно потценување.

Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Мени
Заедница
Изглед
To top