Тоа што е проблем е што повеќето апликации не можат да се најдат на Android пазарот, туку ќе мора да ги листате преку страната на One.
Патоказ (слика горе) е Android апликација која, користејќи мапи и GPS, ќе ви покаже пат до најблиските интересни места кои сакате да ги посетите. Апликацијата е вид друштвен локациски сервис, каде можат да се додаваат објекти, може да се коментира за објектите и интересните места и истите информации можат да се споделуваат на друштвените мрежи.
Virtuelno SK e второнаградената апликација со проширена реалност која користејќи ја камерата насочена кон некој позначаен објект во Скопје, ви прикажува слој од детални информации за тој објект на екранот на телефонот. Пример, го посочувате телефонот кон Камениот мост и добивате информација за истиот, за кога е направен или дека го поврзува плоштадот.
Контроверзната MyBudget, која првин беше дисквалификувана, потоа вратена заради немање, односно имање македонски јазик, го освои третото место. Оваа Аndroid апликација е за следење, контрола и анализа на сопствениот буџет. Со неа ќе може да си го прегледате буџетот, да ги анализирате трошоците, има можност за внесување на кодот на продукти и опција за менување на валута. Најавена е нова верзија со опција за променувањето на јазици.
Сите 11 најдобри апликации од One Аndroid натпреверот.


Коментари
39 коментари
Коментарите се затворени.