Мрежен-Систем Администратор – Mozzartbet
Mozzart
За позицијата
Компанија Mozzart на пазарот на игри на среќа работи од 2001 година и како таква е една од водечките компании во регионот на Источна Европа. Нашата основна дејност е приредување на игри на среќа во обложувалница, а нашиот најголем капитал се луѓето. Во овој момент, компанија Mozzart има околу 3000 работници и околу 700 подружници во регионот. Во Македонија работи од 2008 година, вработува околу 300 работници и има 65 подружници.
За нашата регионална дирекција во Скопје потребен ни е
МРЕЖЕН – СИСТЕМ АДМИНИСТРАТОР
Мрежен/Систем Администратор
– Минимум средно образование (пожелно високо образование или образование од други сродни ИТ области)
– Поседување на ИТ сертификати (Cisco, Microsoft, Juniper) ќе се смета за предност
– 1-2 години работно искуство на ИТ техничка позиција
– Солидно познавање на TCP/IP Протоколи
– Солидно познавање на мрежна технологија и мрежни уреди- router, switch, firewall (Cisco, Juniper, Mikrotik)
– Основно познавање на Рутирачки протоколи
– Познавање на структурно каблирање на LAN мрежа
– Одлично познавање на Windows оперативен систем (XP, Win 7-8, Windows Server)
– Основни познавања на Linux оперативни системи
– Познавање и искуство во работа со компјутерски хардвер (cpu, hdd, motherboard)
– Пожелно е искуство во работење со бренд-сервери (HP, IBM, DELL)
– Познавање на основни системски алатки за дијагностика (ping, trace, nslookup, ipconfig)
– Искуство во обезбедување техничка поддршка од далечина или директно на самата локација
– Само мотивираност, посветеност, одговорност и независност во работата, способност за работа на повеќе задачи во исто време и под висок притисок, способност за брзо прилагодување во брзо растечка околина
– Возачка дозвола Б категорија, активен возач
Одговорности:
– Независно обезбедување help-desk и техничка поддршка,
– Aнализа и решавање на проблемите поврзани со крајните корисници и системот, со алатки од далечина или директно на оддалечените локации,
– Управување и поддршка на компаниската инфраструктура вклучуваќи Windows, Linux, Мрежна опрема (Cisco, juniper, mikrotik)
– Инсталација и конфигурација на мрежна, десктоп и сервер инфраструктура
– Работа во Смени
Лични особини:
– Способност за тимска работа
– Работа во динамична околина
– Брзина и прецизност во работењето
– Организираност
– Сталоженост
– Доверливост
Доколку сакате да бидете дел од тимот на Mozzart, чија основна цел е да воспостави и ги подигне стандардите во областа на спортското обложување во Македонија и Источна Европа, Ве молиме Вашето CV и мотивационото писмо да ги испратите на e-маил [email protected]. Во насловот на мејлот (subject) наведете ја позицијата за која аплицирате.
Краен рок за поднесување на пријавите е 02.09.2016 година. Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг. Непотполните пријави нема да бидат разгледувани.