Front-end developer
За позицијата
ОГЛАС ЗА ПРАКСА СО ИДНО ВРАБОТУВАЊЕ
Компанијата xSoft (www.xsoft.mk) има потреба од проширување на тимот. Потребен е нов практикант, со вработување по завршената обука, кој ќе работи на задачи поврзани со нашата Вебстриан платформа (www.webstrian.mk) и на задачи поврзани со фронт-енд програмирање.
Потребен е профил на личност која знае да размислува проактивно, сака да стекнува нови вештини и знаења и преку тимска работа да го даде својот придонес во насока на постигнување на целите на компанијата.
Се нуди можност за одлични услови за работа и професионална надоградба.
Потребни квалификации:
– Основни познавања од областа на .NET технологииите за веб програмирање: C#, ASP.NET, HTML5, Java Script, CSS3, jQuery, Bootstrap;
– Основни познавања од областа на бази на податоци: Transact SQL, MS SQL Server 2008/2012;
– солидно познавање на англиски јазик
Опис на работно место:
– Организирана работа во тим;
– Front-end девелопмент (HTML5, CSS3, Java Script, Bootstrap)
– Развој и поставување на веб-сајтови на Вебстриан платформата
– Комуникација со клиенти;
Сите заинтересирани можат да ги достават своите CV-ија на [email protected].