1 коментар 1 мин. читање

Google работи на нов оперативен систем, Fuchsia

Google работи на нов оперативен систем, кој нема да се базира на Linux. Името кое компанијата барем засега го користи е Fuchsia.

Досегашните оперативни системи, Android и Chrome OS се базирани на Linux kernel. Новиот доаѓа со нов Magenta kernel.

Можеби најголемата мистерија е за што всушност ќе биде наменет новиот оперативен систем. Шпекулациите кои веќе на големо се започнати велат дека Fuchsia ќе ги спои Chrome и Android во еден оперативен систем.

Други шекулации велат дека ќе биде наменет за интернет на нештата. Трети дека ќе биде наменет за интерфејс со проширена реалност.

Единствен релевантен податок доаѓа од Тревис Гиселбрехт од Google кој вели дека Fuchsia ќе биде достапна и на Raspberry Pi 3. Ова би можело да значи дека оперативниот систем ќе биде наменет за сè, командни табли за автомобили, до телефони и таблет компјутери.

Ако ве интересира како изгледа кодот на Fuchsia, можете да го разгледате на Google Git или на GitHub.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.

Најави се и отвори тема

Напишаното ќе остане зачувано во овој прелистувач.

1 постар WordPress коментар
Мени
Заедница
Изглед
To top