Барам веб дизајнер & програмер за HTML / CSS / PHP Архивиран оглас

Веб дизајнер & програмер

хонорарно 2 јуни, 2016
Овој оглас повеќе не е активен. Содржината е зачувана како дел од архивата на IT.mk Кариера.
Види активни позиции
Детали за огласот

За позицијата

Барам веб дизајнер & програмер за HTML / CSS / PHP

Здраво на сите.

Како што и самиот наслов говори, ја отворам темава со цел да најдам некој искусен веб дизајнер / програмер.

Сајтот (проектот) за кој што станува збор е изработен одприлика 60%, но сепак некои работи мораат да бидат изработени од човек од дејноста. Сајтот, според она што јас успеав да го увидам, е напишан во 3-те програмски јазика наведени во насловот на темава, односно HTML / CSS / PHP.

Сите барања кои што ги имам во врска со дизајнот и функционалноста на сајтот се уредно напишани во Word фајл, а целосната мапа на сајтот (сите негови сегменти) во однос на тоа како сакам тој да изгледа се исцртани до најситни детали во Adobe Illustrator, па доколку некој би се нафатил да го работи овој проект не би му требале многу консултации во врска со проектот.

Во врска со буџетот на проектов, премен сум да платам од 200 до 250 евра, секако, доколку се работи за целосно исполнување на сите барања и финесии во врска со проектот.

Поради тоа што се работи за сајт кој што верувам дека ќе биде доста активен по својата природа (во интеракција со членови кои што ќе имаат опција да внесуваат одредени содржини на него ), доколку се помине ОК, би ја продолжил соработката и понатаму во врска со натамошни измени, доградби и реконструкции на сајтот.

Доколку има заинтересирани, пишете контакт, во темата или во приватна порака.

Мени
Заедница
Изглед
To top