Junior java developer
За позицијата
Италијанската ИТ компанија Алозис Комуникејшнс, објавува оглас за работно место Јуниор Java Developer во Подружницата во Скопје.
Потребни квалификации:
Дипломиран инжињер по информатички технологии (ФИНКИ)
Солидно познавање на Ј2ЕЕ
Искуство во примена на Web технологии: HTML5, JavaScript, JSP, JSF, PHP, Python
Пожелно искуство во користење на бази на податоци: Oracle, MySQL, PostgreSQL, SQL Server
Основни познавања на компјутерски мрежи
Искуство со Agile – пожелно и ќе се смета за предност
Одлично познавање на англискиот јазик (говорна и пишана комуникација), знаење на италијански јазик ќе се смета за предност
Личен профил:
Способност и желба за тимска работа
Позитивен став, енергичност и висока мотивираност за постојано професионално надградување
Мотивираност за проучување, совладување и примена на нови методологии, техники, технологии и околини за развој на софтвер
Компанијата нуди:
Динамична работна средина
Можност за учење и напредок во кариера
Конкурента плата и бонуси
Заинтересираните кандидати треба да достават CV (со фотографија) на најмногу 2 страници (А4 формат), на следната е-меил адреса: [email protected]
Само кандидати кои ќе бидат избрани во потесен избор ќе бидат контактирани. Повеќе информации за компанијата се достапни на веб страницата: www.alosys.it