1 коментар 2 мин. читање

Спакувајте ги куферите, првата база на Месечината ќе биде испринтана

Американската администрација за аеронаутика и вселена, што ја знаеме како NASA, Европската вселенска агенција (ESA) и повеќе претприемачи сметаат дека почетоците на колонизирањето на вселената се поврзани со 3Д принтањето. Принтање на големи објекти во кои се вклучени и објекти за живеење не се новост на Земјата, но веќе има неколку експерименти и тестови кои ја тестираат технологијата во Вселената. По тестовите на астероиди, NASA заклучи дека технологијата е доволно блиску до пресвртница и започнаа соработка со Made in Space на проектот Archinaut, јави Discover.

Archinaut треба за неколку години да креира делови за сателит во Вселената. Проектот е огромен, па соработката на неколкуте агенции и компании како Oceaneering Space Systems, Made in Space и Northrup Grumman не е изненадување. Идејата е да се направи 3Д принтер кој ќе користи роботска рака самостојно да креира делови за вселенски летала во орбита во 2018 година.

3d-print-satelite-boom

Неодамна Planetary Resources успеја за прв пат да креира 3Д отпечаток изработен од делови од астероиди. Токму ова е една од идеите – живеалиштата на Месечината да бидат изработени од материјали кои се наоѓаат таму. Коорпорацијата Shimizu веќе размислува на првата база на Месечината.

lunar-base

Прокетот Mars Ice House оди чекор понатаму и предвидува 3Д печатење на живеалишта на Марс од мраз. Овие живеалишта не само што ќе овозможат безбеден простор на планетата, туку ќе овозможат и заштита од радијација.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top