МКхост Архивиран оглас

Пракса за Frontend developer, PHP developer, System administrator, Агент за поддршка и продажба

Број еден веб хостинг провајдер и домен регистрар во Македонија.

Јане Сандански 71А А.4.7 Аеродром Скопје (Капитол Мол) пракса 11 мај, 2016
Овој оглас повеќе не е активен. Содржината е зачувана како дел од архивата на IT.mk Кариера.
Види активни позиции
Детали за огласот

За позицијата

Компанијата МКхост објавува отворен конкурс за пракса и ги поканува студентите да аплицираат. Повеќе информации за компанијата и конкурсот се дадени во продолжение.

МКхост е приватна компанија формирана во 2005та година со примарни дејности: веб хостинг, регистрација на домени и веб развој.
Повеќе информации може да најдете на официјалната веб страна на МКхост на: www.mkhost.com.mk

Студенти кои имаат интерес во следните области може слободно да аплицираат за пракса во МКхост:

– Frontend developer
Изработка на веб страници користејќи HTML5 / CSS / JavaScript.
Oптимизација на веб страници за мобилни уреди.
Изработка на банери, промотивен материјал и графички елементи за промоции и маркетинг.
Креирање на front end за веб базирани апликации.

– PHP developer
Работа на поголем PHP базиран веб проект со одбран framework.
Креирање на мали веб апликации што ќе изложуваат дел од податоците на системите во позадина користејќи PHP програмски јазик и MySQL бази на податоци.
Креирање на веб апликации кои ќе автоматизираат одредени процеси.

– System administrator
Мониторинг на Linux базирани сервери. Креирање на bash скрипти. Учење на cPanel/WHM панел за администрирање на сервер наменет за веб хостинг.
Конфигурација на email сервиси, анти спам филтри, заштита од вируси и malware.
Креирање и управување со DNS системи. Инсталација и користење на SSL сертификати. Користење на клучеви и безбедност во компјутерски системи.
Учење како професионално да услужите и помогнете на клиент кој има технички проблем.

– Агент за поддршка и продажба
Обука за продажба, директно јавување на корисници, онлајн чет со потенцијални клиенти и техники за продажба на услуги преку интернет.
Користење на систем за корисничка поддршка, пишување на готови написи за вметнување во база на знаење. Учење како професионално да услужите и помогнете на клиент кој има барање или некој предизвик / проблем.

Студентот добива месечен надомест од 6000 денари + домен и хостинг по избор.

Праксата е во траење од 2 месеци во периодот јуни, јули, август . Работно време од 09 – 17h (понеделник-петок) во просториите на МКхост (Јане Сандански 71А – Капитол Мол, Аеродром, Скопје).
По завршување на праксата има можност за вработување.

Заинтересираните кандидати потребно е да испратат CV и да назначат за која од наведените работи се заинтересирани преку емаил на [email protected] .

Рокот за аплицирање за праксите трае до среда, 01.06.2016 година.

Мени
Заедница
Изглед
To top