МКхост Архивиран оглас

Веб дивелопер

Број еден веб хостинг провајдер и домен регистрар во Македонија.

Бул. Јане Сандански 71А А.4.7 Скопје вработување 4 април, 2016
Овој оглас повеќе не е активен. Содржината е зачувана како дел од архивата на IT.mk Кариера.
Види активни позиции
Детали за огласот

За позицијата

Компанијата МКхост објавува отворен конкурс за работа на позиција веб дивелопер и ги поканува заинтересираните да аплицираат. Позицијата е отворена за секој кој има желба да се приклучи кон #1 веб хостинг провајдерот и #1 регистрар во Македонија. Атмосферата е тимска и динамична и се одвива во населбата Аеродром – Скопје (Capitol Mall & Residence). МКхост е приватна компанија формирана во 2006та година со примарни дејности: веб хостинг, регистрација на домени и веб развој. МКхост е моменталниот лидер на веб хостинг пазарот во Македонија со над 4000 клиенти и регистрирано над 10000 домени.

Позиција: Веб дивелопер

Потребни технички познавања:

  • Одлично познавање на PHP програмски јазик заедно со познавање на некој PHP MVC Framework (користење на PHP за креирање на RESTful веб сервиси ќе се смета за предност)
  • Познавања на Front-End технологии: HTML5 / CSS3 / JavaScript / jQuery (познавање на Bootstrap framework ќе се смета за предност)
  • Познавање на SQL бази на податоци (MySQL)
  • Познавање на AngularJS или друг JS framework ќе се смета за предност

Персонални вештини:

  • одлично познавање на англиски јазик
  • желба за тимска работа
  • самоиницијативност
  • креативно и проактивно размислување, решавање на проблеми
  • позитивна настроеност кон усовршување и учење

Главни одговорности:

  • Развој и оддржување на веб апликации за потребите на МКхост
  • Автоматизирање на процеси кај постоечките системи и корекција на грешки
  • Тестирање и имплементација на нови функционалности
  • Проактивно комуницирање со останатите членови на тимот

Работа со МКхост значи:

  • Редовна и компетитивна плата со можност за зголемување
  • Флексибилно работно време
  • Пријателска и тимска атмосфера

Заинтересираните кандидати потребно е да испратат емаил со CV на [email protected] . Рокот за аплицирање трае до 17ти април 2016 година.

Мени
Заедница
Изглед
To top