7 коментари 3 мин. читање

СЈО може да потврди дека граѓаните се нелегално прислушувани

Опрема за следење во вредност од 10 милиони евра е уништена во март, а постапката во која оваа опрема е уништена е незаконска, тврди Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Доколку се покажат како точни, овие податоци ќе ги потврдат тврдењата дека граѓаните, новинарите и дел од политичарите, незаконски се следени од органите кои требаа да ги заштитат. Дискусијата од прислушувањето се води уште од февруари 2015-та година, кога беа објавени првите таканаречени #бомби, но до сега никој не потврди кој и како прислушувал илјадници граѓани. СЈО сега може да ги потврди сомневањата дека прислушувањето е нелегално, и дека МВР и УБК се виновниците.

Засега нема податоци за системите за следење кои се уништени, но СЈО објави дека од Управата за безбедност и контраразузнавање побарале да се изврши декласификација на актите за да можат да ги споделат со податоците од овие системи со јавноста. Станува збор за опрема во склоп на Министерството за внатрешни работи, односно истата опрема на која биле прислушувани и следени граѓаните за која Звонко Костовски со спогодба на 25 февруари 2015 година е осуден на три години затвор. За потсетување г. Костовски беше еден од осомничените и единствениот осуден досега во аферата Пуч.

Новиот предмет под кодно име Тврдина сомничи двајца началници од одделот на Управата за безбедност и контраразузнавање и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, за пречекорување на овластувањата и неовластено уништување на опремата. Податоците кои ги презентира Специјалното јавно обвинителство велат дека нецел месец подоцна дел опремата за прислушување и тонско снимање на техничките капацитети на средствата за следење на комуникациите при МВР започнала да се уништува. Уништени се два системи за следење – едниот исклучен од употреба во 2009 година, но вториот систем е во употреба до споредувањето на ништењето. Опремата се проценува на 10 милиони евра или 615 милиони денари.

 
За уништување на опрема е потребна согласност од комисијата, но спротивно со упатството за работа на МВР. Членови на комисијата се лицата задолжени со опремата, што е спротивно на законот. Проблематично е самото решение кое го носи министерката за внатрешни работи, бидејќи не постои законски основ за ништење на опремата за следење, бидејќи до крајот на 2014 година не е пријавена технички застарена опрема, вели СЈО.

Опремата за следење на комуникации е исклучена на 27.03, а наводно на 28.03 опремата се товари во возила и се носи на уништување во отпад. Уништената опремата е преземена на 3 април, однесена на повторно уништување на друг отпад и повторно се враќаат на првиот отпад. Плусинфо на 28.03 објави дека од Управата за безбедност и контра-разузнавање се вадат материјали. Порталот тогаш пренесе дека се изнесуваат печатени материјали, но се чини дека сепак станува збор за споменатата опрема. Доколку бидат пронајдени за виновни, осомничените ги очекува повеќегодишна затворска казна, за злоупотреба на службена положба и овластувања, казната е од 5 до 20 години затвор.

Уништувањето на опремата не значи дека нема да биде пронајден кој нарачал неовластено прислушување и следење. Од СЈО се надеваат дека техничките податоци ќе им овозможат да дојдат до конечен одговор кој наредил неовластено следење на комуникациите на граѓаните.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.

Најави се и отвори тема

Напишаното ќе остане зачувано во овој прелистувач.

7 постари WordPress коментари
Мени
Заедница
Изглед
To top