IT Консултант
За позицијата
Посредуваме при вработување на ИТ кадар во неколку компании од Германија, со седиште во Минхен или Берлин. Компаниите работат на изработка и поддршка на софтверски веб и мобилни апликации, имаат свои канцеларии и нудат одлични услови за работа.
Потребно е да имате најмалку 1 година работно искуство во некој од следните програмски јазици: PHP, Java или DotNet C#. Познавањето на англиски јазик мора да е на високо ниво, додека познавањето на германски јазик се смета за предност.
Во зависност од вашето работно искуство и знаење, платата се одредува во текот на интервјуата и во принцип е над 40.000 Е, со платени 28 дена одмор во текот на годината. Секој кандидат добива договор на неограничено време и поминува низ 6 месечен пробен период.
Доколку сте заинтересирани за работа во Германија (работа во канцелариите таму), пополнете го формуларот од следниот линк: ТУКА