QA Практикант
За позицијата
Компанијата Космик Девелопмент објавува отворен конкурс за прием на QA практикант.
Космик Девелопмент нуди можност за вработување на одбраниот кандидат кој ќе покаже мотивација и успешно извршување на обврските во текот на праксата. Програмата ќе се одвива во три фази – Internship, Traineeship, Employment, а за тој период практикантот ќе добие потврда за пракса, соодветен број на кредити и месечен надоместок.
Избраниот кандидат ќе биде обучуван од искусни програмери со што ќе имаат можност да стекнат искуство кое ќе им помогне да започнат професионална кариера. Сите заинтересирани кандидати кои се гледаат себе си како талентирани и тимски играчи потребно е да испратат свое CV на [email protected], со назнака за “Cosmic Internship – QA”
Рок за пријавување е до 29.02.2016 година.