ИТ менаџер
За позицијата
Ангажманот е со временска рамка Февруари – Декември 2016 година и се однесува на потребата за редизјанирање на постоечкиот веб сајт, youtube канал и социјалните мрежи (фб страна), како и нивно тековно оддржување, надоградба и оддржување на безбедноста. Дополнително лицето ќе биде задолжено за графички дизајн и подготовка на едукативни, промотивни материјали како и публикации кои ќе произлезат како потреба на здружението во дадениот период.
Со лицето ќе се склучи договор на дело за пола работно време , а дополнителни детали и информации за позицијата ќе бидат дадени за време на интервју закажано во периодот од 18 до 22 Јануари 2016 година.
Заинтересираните лица да достават C.V. и 2 препораки од претходни работодавци/клиенти најкасно до 15 јануари 2016 на маил на здружението.