Прво што треба да направите е да отидете на Account -> Edit Friends. Таму ќе ги видите сите ваши Facebook пријатели. Таму ќе најдете и опција за креирање на листи -> Create New List. Со таа опција може да си ги организирате пријатели во листи, со едноставно штиклирање на одредени пријатели и давање на име на листата добивате група од пријатели поврзани со, пример, школо, работа, фамилија итн…
Таа листа ќе може да ја искористите и за чет. Отворете го четот и најгоре ќе видите Friend List опција. Таму се наоѓаат вашите организирани листи. Одберете ја листата со пријателите со кои често четувате и таа ќе се појави посебно во четот, над стандардната листа со сите онлајн пријатели.
Сега кликнета на Go Offline копчето (десно од Other Friends) и изгасете го оригиналниот чет, а оставете ја персонализираната листа вклучена. Сега имате чет во кој ви се излистани најблиските пријатели, не сите 100, 200 или 1.000 Facebook пријатели.
(via New York Times)
Коментари
3 коментари
Коментарите се затворени.