Java девелопер
Компанија која нуди широк спектар на ИКТ услуги.
За позицијата
IWM Network има потреба од Java девелопер со добро познавање на Java Web Technologies. Позицијата е отворена за секој кој има желба да се приклучи на тим кој брои 15 луѓе, кои работат во тимска и динамична атмосфера во центарот на Скопје.
IWM Network е основана во 2008 година, а во своја сопственост ги има проектите IT.mk, премиум хостинг платформата xo.mk, креативната агенција Glitch Agency, и има стратешки партнери како Zero Science Lab.
Портфолиото на компанијата надминува бројка од 100 клиенти на македонскиот и интернационалниот пазар, меѓу кои и one.Vip, ASSIA, CyanogenMod, Vipnet, Тиквеш Винарија, ПроКредит Банка, Бадел 1862 и многу други…
Позицијата е отворена за секој девелопер со барем година дена искуство (се вбројува и фриленс работа или работа на лични проекти).
Главни oдговорности:
- Развој и оддржување на веб платформи за клиенти и интерни проекти,
- Оптимизирање на перформанси на веб апликации,
- Корекција на грешки во софтвер,
- Ефективно комуницирање со останатите членови на тимот.
Потребни познавања:
- Познавање на Java Web Technologies,
- Познавање на HTML/CSS,
- Искуство со Spring и Hibernate Framework,
- Познавање на jQuery,
- Плус референца е познавање на некој responsive framework како BootStrap,
- Познавање на MySQL DBMS,
Услови за работа:
- Редовна и компетитивна плата,
- Флексибилно работно време,
- Хоризонтален менаџмент,
- Можности за бонуси,
- Пријателска и тимска атмосфера.
При процесот на аплицирање ве молиме посочете ваши проекти или проекти на кои сте работеле. Доколку сте ограничени со NDA, објаснете го вашиот придонес во проектот без именување. Стандардно CV воопшто не е потребно за апликација на оваа позиција, можете да аплицирате само со линк до ваше портфолио или ваш проект доколку сметате дека истите ќе бидат прецизни во објаснување на вашите способности.
Рокот за пријавување е до 25 мај, 2016 година.