1 коментар 1 мин. читање

Greenpeace ja продолжува кампањата против Facebook со „So Coal Network" видео

Откако Greenpeace ја стартуваше кампањата против Facebook-овото користење на јаглен на почетокот на септември, од друштвената мрежа се огласија дека и самиот Greenpeace користат дата центри кои се 46% снабдени со струга генерирана од јаглерот, а само 4% од рециклирана енергија. На ова од Greenpeace одговорија дека Google, Yahoo и другите компании од ИТ секторот веќе превземаат одговорност, и дека Зукерберг се плаши да се посвети на решение. Дискусијата може да ја најдете на блогот на Greenpeace, кое започнува со писмо од директорот на организацијата, Куми Наиду кон Марк Зукерберг, а реакцијата на Facebook ќе ја најдете во коментарите.

Претходно Greenpeace успешно ги искористи друштвените медиуми да го предомисли Nestlé да престане да соработува со компании кои ги уништуваат прашумите за масло од палми, бидејќи им наштетува на животните. Тогаш директорот на организацијата, г. Наиду рече дека „друштвените мрежи можат да ја спасат планетата.“

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.

Најави се и отвори тема

Напишаното ќе остане зачувано во овој прелистувач.

1 постар WordPress коментар
Мени
Заедница
Изглед
To top