Крономак Архивиран оглас

ИТ техничка поддршка

еден од најголемите дистибутери во Македонија на репроматеријали за изработка на мебел.

бул. Киро Глигоров бр.3, Скопје вработување 6 ноември, 2015
Овој оглас повеќе не е активен. Содржината е зачувана како дел од архивата на IT.mk Кариера.
Види активни позиции
Детали за огласот

За позицијата

Крономак е еден од најголемите дистибутери во Македонија на репроматеријали за изработка на мебел.
Крономак претставува функционалност и креативност, доверливост и развој, само со една цел да им биде на услуга на нашите клиенти, бидејќи услугата, брзата испорака на нарачките, сервисот и задоволството на коминтентите е приоритетна цел на Крономак. Со цел да одговориме на потребите на пазарот, односно да го задоволиме растечките потреби на нашите коминтенти и брзата динамика на работењето, Крономак константно работи на зголемување на својот асортиман на производи, услугата, сервисот и логистичкиот центар.
Во моментов имаме потреба од проширување на својот тим, на позиција:

ИТ ТЕХНИЧКА ПОДДРШКА

Кој ќе ги има следните задачи:
  • Конфигурирање на Microsoft Windows Server
  • Основна работа со MS SQL бази на податоци
  • Изработка и поставување на нови и оддржување на постоечките мрежни решенија
  • Дијагностика и решавање на хардверски и софтверски проблеми
  • Изработка на рекламни материјали – летоци, флаери, каталози
 
Потребно е познавање на следниве оперативни системи и програмски пакети:
  • Microsoft Windows (7/8/Server 2012)
  • Adobe Photoshop
  • Adobe Indesign
  • Microsoft Office 2013
Предност ќе имаат кандидатите со претходно искуство и/или завршен некој од факултетите за информатички науки.
 
Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со законот на РМ. Вработувањето е на неопределено време.
Своето CV (со слика) доставете го на нашата e-mail адреса: [email protected]
со назнака: „IT техничка поддршка“. 
 
Непотполни документи и кандидати кои не одговараат на бараниот профил воопшто нема да бидат разгледувани!
Мени
Заедница
Изглед
To top