Кickstarter блокираше кампања за ласерски жилет кој собра 4 милиони долари

во Веб

Kickstarter ја блокираше кампањата на Skarp за ласерски жилет и покрај тоа што успеа да собере околу 4 милиони долари од поддржувачите, на кои сега ќе им бидат вратени средствата. Причината за блокирањето е што Skartp нема физички прототип кој за Kickstarter е еден од неопходните услови. По повлекувањето Skarp се префрли на Indiegogo, средствата се собрани, а од компанијата ги уверуваат поддржувачите дека нема никаква причина за загриженост и жилетите пристигаат оваа пролет. Во моментов се собрани 212.000 долари од околу 1.400 поддржувачи, а до затворањето има уште 12 дена.

Сепак интернет заедницата на Reddit не е импресиониранa од проектот. Голем дел од коментарите на форумите се сомневаат дека технологијата е достапна и дали во моментов е можно креирање на овој уред. Цената на Skarp во претпродажба е 160 долари, што не е за занемарување доколку скептиците се во право.

Двете платформи имале проблем со финансирани проекти кои не успеале да бидат реализирани, а ова никако не е пожелна ситуација, со оглед на тоа дека краудфандинг финансирањето сè уште се докажува како бизнис модел. Дури и големите проекти имаат проблеми со реализацијата. На пример, дронот Zano, кој е најуспешен европски Kickstarter проект има сериозни проблеми со реализацијата, вели BBC.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk