0 коментари 1 мин. читање

Мега популарната Minecraft ќе биде достапна и во виртуелната реалност на Oculus

Една од најпопуларните игри за десктоп Minecraft не само што ќе биде достапна во виртуелната реалност преку HoloLens, туку Microsoft објави дека играта ќе биде достапна и во виртуелната реалност на Oculus. Веста доаѓа на конференцијата за девелопери за платформата Oculus Connect. Minecraft е единствената игра која Microsoft ја презентираше со HoloLens, но под раководство на Сатја Надела компанијата е тргната во друга насока и компанијата својот софтвер кој го споделува на сите платформи, а Minecraft не е исклучок.

Заедно со ова беше објавено и дека дел од SteamVR насловите кои беа најавени како ексклузивни, сепак ќе бидат достапни и на Oculus. Презентација имаше и софтверот за моделирање, кој на платформата ќе биде своевидна замена за Paint во Windows, вели директорот Брендан Ирбе. Друга голема вест е дека Epic Games започнува да креира видеоигра за виртуелна реалност, Bullet Train, а кусо видео од играта може да видите подолу.

 

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top