0 коментари 2 мин. читање 4 август, 2015

Естонија организира хакатон за „виртуелното државјанство“

Естонија во соработка со Garage 48 организира хакатон чија цел е равој на постечките услуги кои ги нуди со e-resident програмата како и развој и креирање на прототип за нови сервиси и услуги. Eстонија неодамна најави услуга дека ќе дели „виртуелно државјанство“ за сите иновативни бизниси и претприемачите кои ќе можат да работат користејќи е-услуги.

Хакатонот ќе трае 48-часа, а ќе се одржи од 11 до 13 септември. Дел од постоечките услуги кои може на учесниците да им послужат и како инспирација се регистрација на компанија за помалку од 20 минути, онлајн пријави за данок, дигитално потпишување на документи, интернет гласање и пристап до финансиски услуги. Целта на хакатонот е дополнителен развој на овие сервиси и креирање на нови, а за оваа потреба Garage 48 ги повикува сите ИТ и мобилни развивачи, UX и UI дизајнери, проект менаџери, маркетинг експерти, претприемачи и визионери.

На главниот настан ќе му претходат два преднастани кои се закажани за 7 август во Талин и на 2 септември во Тарту. Главниот настан и 48 часовниот хакатлон ќе се одржат на островот Вормси.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top