0 коментари 1 мин. читање

Апликација на денот: Papеr додаде алатки за цртање на презентации

Популарната iOS апликација за цртање, Paper на FiftyThree, доби нова надградба наменета за оние од нас кои се помалку талентирани за цртање. Новите Think Kit можат да ги трансформираат прилично трапавите цртежи во она што најверојатно оригинално сте сакале да го нацртате. Алатката од FiftyThree го користи Intuition енџинот кој помага при цртање на дијаграми или распределби, јави Verge.

„Think Kit алатките се наменети за сите кои често цртаат, но не се уметници и не се чувстуваат пријатно при цртањето. Најчестата забелешка која ја добиваме е не знам да цртам, Paper не е за мене“, велат од Paper. Алатките се своевидна „auto correct“ функција која овозможува на сите корисници да задржат некое артистичко ниво и покрај тоа што можеби моливот често им бега или цртежите не изгледаат најдобро. За сега единствен начин за користење на алатката е со помош на специјалното пенкало.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top