0 коментари 1 мин. читање

Претставен oд Chrome на Phone додатокот

Пример, гледате интересно YouTube видео, но ви се јавуваат треба да одите некаде и мора да појдете веднаш. Кликате на додатокот, линкот до видеото се префрлува на мобилниот и продолжувате да го гледате, пример, додека се возите во такси.

Интересно, со додатокот ќе можете да вртите телефонски броеви кои ќе ги видите на некој сајт. Chrome to Phone го праќа бројот до мобилниот кој веднаш започнува да го врти. Ова во бизнис светот може да биде атрактивна алатка бидејќи 1. изгледа кул 2. правите телефонски повици со брз клик.

Исто така може да се префрла селектиран текст кој се појавува во Android клипбордот.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Мени
Заедница
Изглед
To top