0 коментари 2 мин. читање 29 април, 2015

Google инвестира 150 милиони евра во европски медиуми и стартапи за вести

Во текот на следните три години Google ќе донира 150 милиони евра на издавачите на вести во Европа. Средствата ќе бидат дел од поголем пакет кој ќе им помогне на издавачите самите да си помогнат и да заработат од сопствената присутност на унтернет, вели BBC. „Преку Digital News иницијативата, Google напорно ќе работи заедносо издавачите на вести и новинарските здруженија за да помогне да се креира одржлив модел за креаторите на вести.“, вели Карло Дасарио Биондо кој е претседател на групата за стратешко партнерство со Google.

Покрај со средствата од фондовите Google ќе помогне преку соработка со медиумите преку отворена дискусија за начините на кои би можеле да ја зголемат својата заработка, пример преку реклами, апликации, платежни ѕидови и аналитика. Компанијата ќе помогне со обуки за дигитални вештини за новинарите, како и со финансирање на истражување кое ќе покаже како луѓето ги „конзумираат“ вестите и пронаоѓање на нов начин за crowdsource на информациите.

Дел од медиумските гиганти како Financial Times, the Guardian, El Pais и Die Zeit ја поддржаа иницијативата, но медиумите под Руперт Мадок и Axel Springer груацијата за сега не се на листата, иако Google вели дека е отворен за соработка и со нив.

Со овој потег чини дека Google се обидува истовремено да затвори два фронта, битката со издавачите на вести во Европа, но и истовремено да го подобри својот углед во очите на Европската Комисија која наскоро ќе дискутира за можност за казнување на компанијата поради можен монополски статус во Европа.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top