0 коментари 1 мин. читање

Има четири пати повеќе онлајн реклами за десктоп отколку за мобилните платформи

Десктоп ја надминува четирикратно мобилната платформа кога е во прашање онлајн рекламирањето преку пребарување, покажа анализата на IAB за 2014. Барем во САД, за каде се однесува извештајот, заработката од реклами и огласи е во постојан пораст и во 2014 година достигна 49,5 милијарди долари.

Сепак мобилното рекламирање има пораст од 76 отсто во 2014-та, по што следат рекламирање преку друштвените мрежи со 57 отсто раст. Покрај малиот пораст од 3 отсто пребарувањето остварува најголем дел од онлајн приходите или 50 отсто од вкупните приходи. Најголем канал е десктоп пребарувањето на кој отпаѓаат 18,4 милијарди или 38 отсто од вкупните приходи. Втори на листата се „дисплеј“ рекламите, односно банери, видеа и слично. Третото место е за мобилната платформа со 25 отсто од вкупните приходи.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top