0 коментари 1 мин. читање

Кому му требаат овчарски кучиња кога имате беспилотни летала?

Фармери во Британија тестираат беспилотни летала како замена за кучиња чувари! „Не лае, не каса, a нема потреба ниту од храна“, вели Пол Бренан за BBC. Видеото, снимено во близина на Даблин, кое г. Бренан го сподели покажува дека со помош на беспилотно летало може да ги прибира овците, и според него дронот (и операторот) можат да ја завршат оваа работа беспрекорно.

Сепак и покрај популарноста на видеото и очигледниот успех при прибирањето, британската Националната унија на фармери се сомнева во идејата. „Можеби има корист за проверка на животните додека се движат на ливадите или по ридови, но тука завршува употребливоста. Во реалноста добар овчарски пес заврува работа многу повеќе и подобро“, велат другите фармери.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top