5 коментари 1 мин. читање

Vip и Blizoo ја објавија првата заедничка понуда

Откако Vip го купи Blizoo Македонија, прашање на време беше кога ќе видиме „комбинирани“ пакети на мобилна телефонија, интернет и дигитална телевизија. Vip сега објави дека продаваат телевизиски услуги кои, ако се погледнат според цената и тоа што го нудат, делуваат навистина привлечно.

Пакетите наречени Vip Комбо нудат до 90 ТВ канали, интернет пристап преку WiFi рутер со брзини од 30 Mbps, фиксна линија и неограничени мобилни разговори. Цените започнуваат од 1.699 денари до 3.000 денари. Споредено со MaxTV на Tелеком, кој важи како еден од најголемите конкуренти на пазарот за вакви комбинирани услуги, Vip и Blizoо се чини најдоа добро решение.

Тоа што е интересно е што ова е само почетокот на ТВ и интернет понудите од Vip. Операторот чека од Комисијата за конкуренција дозвола да се спои со One, во ентитет со име One.Vip. Но, без врска на името, двата оператора заедно ќе имаат над 50 отсто од македонскиот пазар, и Vip со Blizoo и Оne со својот Boom TV ќе можат да станат сериозни конкуренти кога е во прашање телевизијата.

Одеднаш T-Home стана аутсајдер.

Disclaimer: IT.com.mk е во сопственост на IWM Network, која соработува со Vip, како и со куп други клиенти. Текстов не е реклама, туку мислење на авторот.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

5 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top