0 коментари 1 мин. читање

Белата куќа сака да им даде здравствено осигурување на професионалните гејмери

Белата Куќа со цел да ги вклучи младите луѓе во дебатата за здравствените реформи, реши, во соработка со ESL и Twitch, да стартуваат програма со која на професионалните гејмери ќе им понуди здравствено осигурување. Целта на програмата сепак не е единствено да се покријат со професионалните играчи на видео игри, туку идејата е да се стигне до младите, кои на професионалните гејмери гледаат како на идоли.

Во видеото/рекламата може да се проследат изјавите од дел од гејмерите кои велат дека постои здравствено осигурување за секој, но и приказни од личните искуство. Ана Просер-Робинсон за која пишува Verge, го споделува искуството со нејзиниот сопруг Геоф Робинсон попознат како iNcontroL чие здравје поради згрутчување на крвта беше доведено во опасност. Благодарение на здравственото осигурување Гоеф и Ана не банкротираа од лекарските зафати, а сега го споделуваат своето искуство да ги мотивираат другите гејмери, но и останатите луѓе кои работат долги периоди седејќи.

[youtube]Dq6bz8cIxeY[/youtube]

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top