0 коментари 1 мин. читање 27 јануари, 2015

Отворена е прва официјална биткоин берза во САД

Coinbase ја лансираше првата биткоин берза во САД, за која доби законска поддршка од 24 држави во САД помеѓу кои Њујорк и Калифорнија. За сега берзата тргува единствено во САД, но плановите се за проширување и глобална трговија со крипто-валутата низ целиот свет, јави Coindesk.

„Берзата ќе понуди поголема безбедност за поединците и институциите кои тргуваат со биткоин и ќе овозможи надгледување на цената во реално време на крипто-валутата“, велат од Coinbase, стартап во кој беше инвестирано над 25 милиони од познати инвеститори. Првите два месеци за сите корисници тргувањето со биткоин ќе биде бесплатно, по што берзата ќе започне со наплаќање на провизија од 0,25 отсто на секоја трансакција. Берзата можеби започнува во САД, но по исполнување на условите сакаат да бидат глобална и најголема берза да биткоин во целиот свет.

[youtube]Gc2en3nHxA4[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top