600 милиони Samsung телефони имаат застрашувачки безбедносен пропуст

Неверојатни 600 милиони телефони на Samsung имаат безбедносен пропуст кој може да се злоупотреби преку SwiftKey тастатурата, која доаѓа преинсталирана на уредите. Пропустот го откри Рајан Велтон од безбедносната компанија која се фокусира на мобилни уреди NowSecure.

Пропустот го имаат различните верзии на Galaxy S4 Mini, Galaxy S4, Galaxy S5, како и новиот Galaxy S6. Според г. Велтон, постои грешка во преинсталираната тастатура што може да им даде на напаѓачите статус на привилегирен корисник на телефонот. Доколку се злоупотреби пропустот, напаѓачите би можеле далечински да пристапат до GPS сензорот, до камерата, микрофонот; скришно да инсталираат малициозни апликации; да ги злоупотребуваат другите апликации и како телефонот работи; да прислушуваат разговори и да украдат лични податоци како фотографии и текстуални пораки.

За жал, вели г. Велтон, преинсталираната тастатура не може да се избрише. Ниту е лесно да се види дали операторот обезбедил закрпа за телефоните. Samsung ја направил закрпата на почеток на 2015-та година, бидејќи безбедносните експерти уште во ноември 2014-та го известиле Samsung за пропустот. Но, „тешко е да се знае бројот на колку мобилни уреди остануваат ранливи, поради различните модели и бројот на операторите ширум светот“, вели г. Велтон.

Тоа што може да направат корисниците, е да избегнуваат небезбедни WiFi мрежи, да користат различни мобилни уреди и да побараат закрпи од операторите.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
anonimen
anonimen
7 years ago

Едно "s" во кодот е доволно да се спречи пропустот :)