0 коментари 2 мин. читање 6 септември, 2019

5KPlayer е модерен плеер за сите ваши мултимедијални потреби

Ретко имаме наидено на некој плеер кој е поимпресивен од 5KPlayer. Се работи за исклучително комплексно пакување од бројни можности за справување со какви било типови на аудио и видео фајлови. Користејќи харверско забрзување, 5KPlayer дозволува непречено гледање и на 4К, односно 8К HDR видеа. Со огромна леснотија можете да гледате и најразлични DVD-а од вашата колекција, па дури и да преслушувате најразлични радио станици.

5KPlayer оди неколку чекори понапред и е многу повеќе од едноставен плеер. Па така, ќе можете да преземате аудио и видео извори од YouTube, Facebook, Vimeo, Vevo, Dailymotion и многу повеќе. Покрај ова, ќе можете да вметнувате титлови, да ротирате видеа, како и да стримувате содржини на други направи кои се претходно поврзани на вашата мрежа преку Apple AirPlay, или DLNA.

Во случај да сакате да чепкате нешто подетално околу мултимедијалните фајлови, 5KPlayer ќе ви дозволи и да сечете клипчиња, да го прилагодувате изгледот, брзината и гласноста. Иако е програмот бесплатен, потребно е да го регистрирате софтверот и да го внесете добиениот код (од и-мејлот), доколку сакате да користите повеќе функции, како таа за веб преземања.

Со најновата, шеста верзија, 5KPlayer остава впечаток на значително постабилна верзија, со подобрени перформанси. На располагање понуди и 64-bit-на верзија, која се препорачува за подобро уживање на H.264, HEVC 4K и H.264 8K, како и поддршка за 10-bit-ни HEVC HDR видеа.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top