3Д-отпечатено срце е иднината на кардиологијата?

во Свет

Image courtesy of ETH Zuruch

Печатењето на органи веќе одамна не е новост. Вообичаено ова се коски или некои помалку подвижни органи. Овој пат тим истражувачи од ETH креираше срце од силикон.

Новата технологија надминува дел од проблемите кои ги имаат вештачките срца. Силконот за разлика од другите материјали, како пластиката или металите, подобрo се поврзува со ткивото.

За креирање на ова срце истражувачкиот тим ја копираше природата, барем колку што ова беше можно. Вештачкото срце не само што работи, туку и изгледа како обично човечко срце. Срцето тежи 390 грама и има волумен 679 cm3. Силиконското срце има две комори, но тие не се разделени со септим, туку со дополнителна комора. Оваа помошна комора може да се испумпа или прошири и е клучна за спроведувањето на флуид од и во крвните садови.

Image courtesy of ETH Zurich

„Нашата цел е да развиеме вештачко срце кое ќе биде со отприлика иста големина како и срцето на пациентот и кое ќе имитира човечкото срце“, вели Николас Корс, кој е развивач на ова срце.

Најголем предизвик на технологијата е правење на поиздржливо срце. Сегашното силиконско срце може да издржи околу 3.000 отчукувања. Ова е доволно за 30 до 45 минути. Потоа материјалот не може да го издржи напрегањето.

„Ова беше само физибилити тест. Нашата цел не беше сега да претставиме срце кое може да се вгради веднаш, но да поттикнеме размислување во нова насока за развој на вештачките срца“.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] and media source: https://www.it.mk/3d-otpechateno-srtse-e-idninata-na-kardiologijata/ […]

види ги сите огласи на kariera.it.mk