Имаат голем број на соработници кои ги споделуваат своите дизајни бесплатно со светот, а ако имате и вие некој дизајн кој сакате да го споделите, можете да ги контактирате. Како дизајнери добро знаат дека секој дизајнер има свои дела кои самостојно добро изгледаат, но некако никогаш не си го нашле местото во некој краен производ. Затоа ги охрабруваат сите тие дизајнери да ги споделат креациите затоа што можеби на некого му недостига баш тоа делче од перфектната креација. Сите дизајни може да се користат за комерцијална употреба, но секако не можете да ги препродавате.
Можете да пребарувате по таговите кои ги оставиле креаторите, или едноставно да ги прегледате сите преку едноставниот интерфејс. Како новиот .psd фајл за дадениот ден, можете да ги симнете и претходните дизајни, за жал, клик по клик. Ако сакате да ги симнете сите наеднаш, 365psd ви наплаќа за тоа.