Земање белешки знае да биде значително олеснето со нашите паметни направи. Следниве три алатки ќе ви помогнат во исполнување на мисијата за прегледно складирање на важните работи.
Notebook, на Zoho, e апликација која ви дозволува да вметнувате визуелно-импозантни насловни страни, и да групирате белешки во еден вид дигитални купчиња кои се расчленуваат на допир. Во секоја расчленета белешка можете да вметнете и фотографии, или пак да истакнете одреден текст кој ви е важен. Пристап на сите белешки имате и од вашиот прелистувач. За таквото нешто, кликнете тука.
Notebook e достапен на iOS, или Android.
Google Keep доминира на пазарот нешто повеќе од пет години и е апсолутен шампион за земање белешки кои се синхронизираат низ сите ваши направи, независно дали се работи за PC, телефони, или таблети. Сите мисли, потсетници или листи можете да ги вметнете во најразлични формати, со интерактивни можности за прецртување на извршените задачи, или поставување потсетници.
Google Keep е ваш на Android, или iOS. Одлично се користи и од вашиот прелистувач.
iA Writer е апликација која ви ја препорачуваме само доколку сакате да пишувате подолги белешки. Оние кои не ја чувствуваат потребата за дигитална преселба на бројни рецепти или водење дневници, најверојатно би требало да се одлучат за некој од нашите први два избори. Па така, за помало отпретување на очите, iA Writer има режим за пишување во слабо осветлени простории, како и опции за вметнување наслови, како и здебелување на одредени реченици. Нема да бидете ни разочарани во поглед на синхронизација со останатите направи. За таквата намера, iA Writer тесно соработува со iCloud, Google Drive, и Dropbox. На крај, вашите мисловни конструкции лесно можете да ги префрлите на документи и целосно да ги споделите со сите заинтересирани.
iA Writer слободно дише во Android, или iOS околина. За дружба во iOS меѓутоа, потребно е да платите 10 евра.
[…] Не заборавајте да земате дигитални забелешки со Notebook, Google Keep, и iA Writer. Независно со која и да се одлучите, ова се алатки кои значително ќе ви ги олеснат маките кои ги имате со постојано земање забелешки. Нашите детални објаснувања можете да ги најдете тука. […]