King’s Blade: Враќање на класичните тепачки игри
King’s Blade е нова Beat ’em up игра која црпи инспирација од универзумот на Конан Варваринот и легендарните аркадни наслови како Golden Axe и Streets of Rage. Оваа игра ве враќа во златната ера на гејмингот, нудејќи класично искуство збогатено со модерни елементи, сместено во суров свет каде што само најсилните преживуваат.

Во King’s Blade, вие ја преземате улогата на елитните воини на кралот и се соочувате со ордите на Барrаниската империја. Вашата мисија е да се пробиете низ непријателските редови, да поминете низ смртоносни предели и да го уништите срцето на непријателската престолнина. Секое ниво носи нови предизвици и поопасни непријатели, тестирајќи ги вашите вештини и тактичко размислување во епски битки.

Играта се одликува со длабок и разновиден борбен систем. На располагање имате шест уникатни херои, секој со своите посебни способности и стил на борба. Можете да изведувате различни комбинации на удари, да користите оружја од околината, да фрлате магии и да активирате специјални напади за да ги уништите вашите противници. Со дванаесет различни нивоа, авантурата нуди постојана возбуда и нови предизвици.

Една од најдобрите карактеристики на King’s Blade е можноста за заедничко играње. Можете да ги здружите силите со најмногу тројца пријатели во локален co-op режим и заедно да се соочите со империјата. Доколку немате соиграчи, играта ви овозможува да додадете борци контролирани од вештачка интелигенција во вашиот тим, осигурувајќи дека никогаш нема да се борите сами.

King’s Blade е одличен избор за сите љубители на класичните аркадни тепачки и световите на херојска фантазија. Играта успешно го комбинира носталгичното чувство на старите добри игри со модерни механики, нудејќи часови забава, без разлика дали играте сами или со пријатели.

Cloud Cats’ Land: Добредојдовте во земјата на слатките мачки!
Од малиот независен тим, PurrMurrMeow Games, доаѓа нивниот дебитантски наслов – Cloud Cats’ Land. Оваа игра ве носи на патување до мистериозниот oстров на мачки, каде што ве очекуваат живописни локации, магични суштества и необични загатки, отворајќи ги портите на еден прекрасен и заборавен остров полн со длабоки тајни.

Приказната започнува кога, по бродолом, ќе се најдете на брегот на непознат остров што го нема на ниту една мапа. Единствена надеж за спас е еден светилник кој се издига на островот. Местото е населено со пријателски и разиграни суштества, преслатки мачки, кои срдечно ги пречекуваат новите гости. Но, каде е чуварот на светилникот и кој е виновен за неговото исчезнување?

Во Cloud Cats’ Land, секоја мачка е уникатна и поседува сопствена магија која ќе ви помогне во текот на патувањето. Ќе мора да ги придобиете овие магични мачиња за да ви помогнат во решавањето на загатките и да напредувате низ вашата незаборавна авантура. Играта бара од вас да ја користите вашата досетливост за да најдете заеднички јазик со необичните суштества што ќе ги сретнете. Исто така, ќе имате можност да ги трансформирате обичните предмети во нешто попрактично, како шини кои се прават од парче ограда.

Cloud Cats’ Land интересно ги комбинира класичните механики на point-and-click авантурите со симпатичен уметнички стил и пријатен свет исполнет со фантазија и хумористични референци од поп-културата. Доколку имате време проверете го топлото и релаксирачко искуство, идеално за сите љубители на загатки и шармантни приказни.








