„Зелена SIM“ картичка прави револуција во земјоделството во Индија. Евтината картичка овозможи надминување на еден од најголемите проблеми со кои се среќаваат земјоделците во Индија, а тоа за жал е недоволната писменост на населението.
Наместо текстуални пораки, преку картичката се испраќаат гласовни пораки и информации до земјоделците. Освен пораки за временските услови, Агенцијата за земјоделство испраќа и совети до земјоделците, како совети за ѓубре кое може да го користат, подготовки за промeни на климата, но и податоци за цената на земјоделските продукти и промени на пазарот, вели Ars Technica.
Ова не е првиот обид на Меѓународниот истражувачки институт за полупустински земјоделски култури (ICRISAT). Во претходните обиди беа поставувани киосци во кои земјоделците можеа да ги добијат информациите, иако планот пропадна бидејќи најголемиот број од земјоделци во Индија не се писмени. Сепак чекор понатаму, по откривањето на проблемот и започнувањето на пречките со читањето, истражувачите од институтот дознаа и дека земјоделците повеќе им веруваат на останите земјоделци и поедноставно се разбираат со нив, па логичниот следен чекор беше испраќање на овие пораки преку земјоделци, по што следеше замена на телефони со фаблети.
„Оваа технологија овозможува да комунициратe со други фармери од државата, па дури и со фармери од други држави. Еден од нашите партнери користи видео за пренесување на најдобрите практики. Ова видео понатаму се носи и се презентира пред заедниците со помош на евтин дигитален проектор“, велат од институтот. Некои од фармерите кои се дел од оваа програма веќе имаат зголемена заработка, поголема продуктивност, а со тоа и подобар живот. Сепак за програмата да биде достапна да биде достапна до сите ќе биде потребна поголема помош од невладиниот сектор, помош од државите, но и од заедницата на фармери кои треба да им помогнат на останатите да се адаптираат.