Додека таксистите се тркаат, Google добива корисници

во Веб

Дали е можно Google да биде најголемиот добитник во натпреварот помеѓу Uber, Lyft и такси компаниите? Најголемиот светски пребарувач на својата Google Maps апликацијадодаде можност за повикување на такси од Google Maps. Промената е направена во делот каде корисникот може да го одбере начинот на движење, пример пеш или со автобус, но сега тука се сместени и партнерите на Google кои се актуелни за регионот. Заедно со понудата доаѓа и информацијата за времето на чекање за возило. Партнери на Google за овој потфат му се 99Taxis во Бразил, Ola Cabs во Индија, Hailo во Велика Британија и Шпанија, Mytaxi во Германија и Шпанија, and Gett во Велика Британија. Глобален партнер на Google му е Uber, во зависност од достапноста во државите.

Shot1

Речиси без сомневање услугата ќе биде готова кога во понудените можности за превоз ќе биде додадена и можноста за автономните возила на компанијата. Засега се разбира ова не е случај, но функционалноста овозможува на корисниците да дознаат кога можат да се надеваат на возило, а и колку би ги чинел превозот. Сепак можеби најважно ова ги става Google Maps во фокусот на корисниците кои бараат превоз. За почеток промените пристигаат на Android, а од Google најавуваат дека наскоро пристигаат и на iOS. Google Maps ќе ви помогне да дознаете која ви е најбрзиот транспорт, без разлика која е вашата дестинација, вели Холгер Флаер на блогот на Google.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk