Google започнува со експериментaлен проект со кој на ѕвездите и некои бизниси им овозможи рекламирање директно преку картички кои се појавуваат во пребарувањето. Засега станува збор за ограничен број на партнери на компанијата кои можат да огласуваат на овој начин, но доколку се покаже успешно, компанијата можеби ќе им ја понуди оваа функционалност и на останатите јавни личности, вели Verge.
Картичките се прикажани во „carousel“ листа, што можеби наговестува дека се наменети за мобилна платформа, но засега резултатите се прикажуваат и на десктоп платформата. Она што е можеби интересно е што дел од првите огласувачи на кои им се овозможени новите реклами се американските претседателски кандидати, вели Мајк Блументал, кој прв ја забележа промената. Претседателските картички се присутни неколку недели, а сега истата функционалност им е овозможена на помал број на локални бизниси.
