Не се плашeте од неуспех, вели директорот на тајната лабораторија на Google

„Не се плашете од неуспехот“, вели Астро Телер, директор на тајната лабораторија Alphabet. Подобро позната како Google X, ова е лабораторија во која се работи на најлудите и речиси невозможни проекти, од Project Loon до автономните возила, Google Glass, и куп други технологии за кои ќе дознаеме во иднина.

Но, бидејќи Google X е лабораторија на експерименти, најчесто се случува проектите да бидат неуспешни. Добар пример е Google Glass кој наместо да биде следното големо нешто, Google го врати во лабораторијата за понатамошен развој. Но, тоа е во ред, вели г. Телер. „Единствен начин на кој се решаваат проблемите во Google X е така што се избира проблем кој зафаќа милиони луѓе и се обидуваме да пронајдеме ново радикално решение, и потоа бараме технологија се која може да се надмине проблемот. Најголем дел од времетого минуваме во анализа, расчленување на работите и обиди да докажеме дека сме погрешиле“, вели тој.

Можеби најинтересни се дел од проектите на Google X кој никогаш не беа реализирани како: вертикалните фарми или авиони за транспорт. Првиот прект беа хидропони фарми кои се градат во висина, а треба да бидат решение за проблемот со недостатокот со храна. Google престана со овој проект откако дозна дека нема начин во ваква фарма да се садат ориз и жито. Проектот за летала кои би биле полесни од воздухот е напуштен поради превисоката цена на прототипот.

„Неуспехот е од огромно значење. Единствен начин да ги натерате луѓето да работат на огромни, ризични проекти и смели идеи, е да направите неуспехот да биде безбеден“, вели г. Телер.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk