Интернет на нештата без сомневање е иднината, „следното големо нешто“ за свет во кој сите уреди ќе комуницираат меѓу себе преку интернет. Но, помислата дека ќе му оставите на компјутер да има контрола врз вашиот дом може да биде застрашувачка помисла. Тоа најдобро го почувствуваа корисниците на термостатот Hive кои неодамна дознаа дека технологијата може да погреши.
Поради пропуст во iOS апликацијата, Hive ги промени подесувањата за дел од корисниците и температурата во нивниот дом беше поставена на 32 степени, јави Memo. Од British Gas велат дека добиле 30 приговори, но немаат одговор на прашањето колкав дел од нивните корисници се зафатени од пропустот.
Hey @hivehome @HiveHelper when are you going to stop letting skynet try to boil me alive? (2nd time now) pic.twitter.com/iQDVvJxLaX
— Laura Adams (@AdamsLaura) February 27, 2016
„Свесни сме за моменталниот пропуст кој зафаќа мал дел од корисниците, внесување на листа на компании по редослед во Hive iOS апликацијата може да предизвика температурата на термостатот да се покачи на 32 степени“, велат од компанијата. За среќа доколку биде забележана грешката има брзо и едноставно решение, промена на температурата на посакуваната, било преку апликацијата или директно на термостатот.







