Microsoft објави дека го завршија првиот уред кој предведува од кинески на англиски, подеднакво добро како и луѓето.
Машината успешно го помина тестот развиен од група на партнери од индустријата. Резулатите од овие преводи потоа ги прегледаа и двојазични преведувачи. Тие ги споредиле преводите на Microsoft со преводи од двајца преведувачи, луѓе.
„Достигнување на човечкиот паритет за машински превод е сон што го имавме сите. Едноставно не помисливме дека ќе можеме да го достигнеме волку брзо“, вели Ксуедонг Хуанг, од Microsoft.
Дополнително, покрај пишан, тимот неодамна ја тестираше машината и во превод на говор. Според експерите на Microsoft, машините и тука достигнале ниво како и луѓето. Ова би можело да значи дека наскоро јазичните бариери би можеле да станат минато.
Автоматскиот превод не е новост, но последниве неколку години вештачката интелигенција се користи за поквалитетен превод. Претходно, а и сè уште, автоматскиот превод беше своевидно касапање на јазикот. Наместо ова, со вештачката интелигенција треба да се постигне поприроден превод, кој е поблизок до јазикот кој се говори. Секако преводот ќе станува уште подобар во иднина.
„Голем дел од нашето истражување е инспирирано од тоа како ние луѓето ги правиме овие работи“, вели Ти-Иан Лиу од Истражувачкиот центар на Microsoft во Азија.
Не толку одамна Miscrosoft имаше презенатација на технологија со која симултано се преведуваше од англиски на кинески. Она што беше карактеристично е дека технологијата се обидуваше да ја долови бојата на гласот на преводот како онаа на говорникот.
Во 2012 година, кога компаниајта за прв пат ја презентираше оваа технологија, истата не препознаваше 30% од зборовите. Сега преводот е споредлив со луѓето.








How yes no!