MagnaPlay е нова платформа која дозволува да играте игри на независни издавачи. По месечна претплата од 8 долари, имате на располагање 11 игри, од кои се истакнуваат Kill it with Fire, Punch Club, Party Hard и Hello Neighbor. Според ветувањето на тимот зад Magna Play, листата од игри значително ќе се зголеми како поминува времето.
Откако ќе се претплатите, можете да пишувате рецензии за игрите или да одделите дел од парите од претплатата да се посветат директно на одредена игра.
Иако идејата зад Magna Play е интересна, сепак сметаме дека е во исклучително рана фаза и нема ни приближно доволно игри за да ја оправда месечната претплата од 8 долари. Со оглед на тоа што првиот месец е бесплатен, би препорачале да ја проверите услугата, но да размислите за понатамошно задржување на платформата.







