Царинската војна со Кина се заострува, царините одложени на 90 дена за останатите

во Свет

Главна вест оваа недела останува царинската војна. Иако најголем дел од државите се спасија барем 90 дена, непријателствата помеѓу САД и Кина продолжуваат. Последната вест е дека ќе биде воведена универзална давачка за сите држави од 10 отсто со исклучок на Кина која ќе биде казнета поради „непочитување на пазарот“.

За 90 производи кои се увезуваат во САД ќе има и повисока царина од 10 отсто. Царината за производите од Кина е покачена на 125 отсто. Новата повисока царина доаѓа откако Кина на американската царина од 104 отсто, одговори со 84 отсто царина.

Акциите на берзата рипнаа веднаш по најавата за 90-дневното одложување на царината за најголем дел од светот. Американскиот секретар за финансии Скот Бесент потврди дека Канада и Мексико, наместо царини од 25% за некои стоки, се вклучени во основната тарифа од 10%, но не појасни дали ова се однесува и на ЕУ.

Дел од мерките кои САД ги најавија против Кина се и царините на малите пратки со цена до 800 долари. Ова е значително зголемување на давачките за овие производи кои досега беа ослободени од даноци. Пред почетокот на царинската војна овие производи не се царинеа воопшто, а сега ќе се царинат со стапка од 90% од нивната вредност, што е зголемување од претходно планираните 30%. Ова е најголем удар за компании како Temu кои испорачуваат супер-евтини производи.

Влијанието на трговската војна врз ИТ секторот продолжува

Како последица од повисоките царини некои од компаниите сериозно размислуваат за промени или веќе преземаат некои чекори. Најголемата продавница во светот, веќе започна со запирање и откажување на некои од порачките од кинеските производители. Дел од „жртвите“ се лежалки за плажа, скутери, клима уреди, кои се произведуваат во Кина, Виетнам и Тајван, пишува Bloomberg.

Amazon не ја потврди веста, иако компанијата коментираше дека „Компании од Кина се снабдувачи на голем дел од компонентите и од готовите производи кои се продаваат на Amazon“.

Што планираат компаниите

Apple, Dell и Microsoft се обидуваат да префрлат најголем дел од своите залихи во САД. Компаниите притискаат за забрзано производство и испорака. Ова најмногу се однесува на скапите уреди, поскапи од 3000 американски долари. Компаниите се обидуваат да внесат што е можно повеќе уреди пред царините да стапат целосно во сила. Дури не се штеди ниту на транспорт, па некои од апаратите се транспортираат со авиони.

Најпрво HP планираше да ги задржи оригиналните планови, но ова брзо се промени. Слично како Apple, Dell, Microsoft, и тие ги повикаа добавувачите да се забрза внесувањето на производите во САД. Дополнително, работат на пронаоѓање на алтернативни производни локации. Дел од локациите се во Мексико, но разгледуваат и преместување на производството во САД.

Samsung по се изгледа планира да го намали производството на телефони оваа година. Компанијата ги информираше своите добавувачи дека ќе ги намали нарачките за компоненти за паметни телефони во вториот и третиот квартал од 2025 година. Покрај ова, во план се и дополнителни прилагодувања врз основа на променетите пазарни услови.

Nintendo е една од компаниите кои имаше несреќа да го најави својот уред таман пред воведувањето на санкции. За жал на љубителите на конзолата Nintendo Switch во САД, производителот го одложи почетокот на претпродажбата на Switch 2 за да го процени влијанието на повисоките царини.

Најголемиот производител на PC-ја, Lenovo се фокусира на домашниот, кинески пазар, Европа и повеќе држави од Азија.

Acer во овој период ќе стави приоритет на пазарите во развој, азискиот регион и Европа како алтернативни пазари.

Проценката на Asus е дека компанијата има доволни залихи во САД. Тие побараа да се стопираат пратките кон САД. Компанијата работи на проширување на производството во Виетнам и Тајланд.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments