0 коментари 1 мин. читање 18 ноември, 2022

VirusTotal е вебсајт кој ви дозволува да анализирате сомнителни фајлови и домени

Во денешно време, ако нешто има во изобилство тоа е вируси. VirusTotal е корисен веб сајт кој ви дозволува да откриете проблематични фајлови, домени и ред други работи директно преку прелистувачот.

Откако ќе го посетите сајтот, имате опција да поставите сомнителен фајл за да истиот биде скениран. Преку копчето Choose FIle одбирате кој фајл сакате да го скенирате, па потоа кликнувате на Confirm Upload. По првичното поставување, фајлот се скенира од бројни алатки, како BitDefender, Avast, AVG и ред други. Доколку не детектира ништо, стои известувањето Undetected. Доколку се пронајде малициозен код, го добивате известувањето Detected. Преку јазичето Details, добивате детални податоци за фајлот.

Интересно е тоа што преку VirusTotal не морате да поставувате само фајлови, туку и можете да вметнете url за да и нивните дестинации бидат скенирани од можни закани.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top