Stronghold: Definitive Edition e пример за тоа како треба да изгледа еден римејк

Во 2001-та година, првата Stronghold направи огромни фанови од нас. Во тогашното време, RTS жанрот чекореше безбедно и следеше еден ист урнек, првенствено инспириран од AoE серијалот, но развојното студио Firefly уште тогаш експериментираше со жанрот и не се плашеше да позајми уникатни механики и од сим жанрот. Како резултат, играта беше прифатена од легија фанови и беше етикетирана како игра која нуди уникатен спин во жанрот со стратегии.

За да се задоволи гладта на фановите, студиото ја исфрли Stronghold: Crusader во 2002. Играта се покажа како солидна надградба на сите елементи кои ја красеа првата игра. Низ годините, Firefly Studios вредно ги исфрли и Stronghold 2 и Stronghold 3, па дури и Stronghold Legends, па потоа повторно се врати на Stronghold Crusader II, завршувајќи некаде со Stronghold: Warlords.

Иако сите овие игри успеаја да понудат уникатни и забавни механики, мислата на поголемиот број фанови, вклучувајќи нѐ и нас, често се враќаше на таа прва игра, на магичната и носталгична 2001 каде ветрот живописно ги размрдуваше дрвјата, се поставуваа бројните структури и се гледаше како селаните ги извршуваат нивните секојдневни обврски.

Достоен римејк и пример за сите идни

По цели 22 години, Stronghold: Definitive Edition конечно излезе пред недела дена и едноставно плени со нивото на детали и трудот кој е вложен за да се понуди достоен и квалитетен римејк. Уште во првите минути од играта, јасна е посветеноста на студиото да се целосно држат до корените и да не експериментираат со светата формула воспоставена во првата игра.

За потребите на римејкот, активирани се бројни девелопери кои претходно имаа работено на оригиналната игра. Како резултат, добиваме целосна визуелна надградба на бројните графички елементи и преработена или одново создадена легендарна музичка подлога. Голем број од истите актери кои го позајмуваа гласот исто така се враќаат, сѐ со цел да се понуди квалитетен пакет кој ги опфаќа сите аспекти.

Средновековни маки

Stronghold: Definitive Edition е уникатен хибрид помеѓу класична RTS игра и симулација со градење градови. Во средновековното доба, имате за задача да направите и да го проширите вашиот замок така што собирате најразлични ресурси, водите грижа за вашето население и градите најразлични структури. Паралелно со ова, можете да работите и на создавање армија која ја активирате или за бранење на вашиот замок, или за напаѓање на непријателскиот.

Она што во 2001 година беше импресивно беше тоа што секојпат кога ќе направите структура, селанец ќе започне со работа и ќе можете да го следите како собира ресурси, ги обработува и го носи финалниот производ да го спреми за складирање. Сево ова и понатаму е празник за очи, особено на поголеми екрани и во повисока резолуција.

Носталгично патување

Покрај познатите две класични кампањи кои се простираат низ 26 мисии, Stronghold: Definitive Edition се одликува и со целосно нова кампања која има 14 нови мисии и 10 уникатни сценарија. Поради ова, дури и да, како нас, десетици пати имате поминато низ класичната кампања, сепак имате дополнителна причина поради која одново можете да ѝ се навратите на играта.

Згора на ова, на располагање имате и поддршка за мултиплеер со до осум играчи и дополнителни мапи за војување впечатливи војни. Во моментот кога ќе поминете низ ова и ќе барате уште, на располагање имате и поддршка на Steam Workshop – место каде што ќе најдете бројни модови кои дополнително ќе ја продолжат забавата.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: FireFly Studios
  • Издава: FireFly Studios
  • Жанр: RTS, City Builder
  • Платформа: PC
  • Излезена на: 7 ноември 2023

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Сашо
2 years ago

Текстов ви го пишуваше ChatGPT или често бегавте од часови по Македонски јазик?
Одлично ја пренесувате приказната, но нивото на изразување е еквивалентно на GhatGPT 3.5 на Македонски, или 8 годишник.

Last edited 2 years ago by Сашо
види ги сите огласи на kariera.it.mk