0 коментари 2 мин. читање 21 декември, 2022

Откривајте интересна музика со Radiooooo

Radiooooo е веб сајт со уникатен дизајн и уште поуникатни механизми за откривање најразлична музика.

По посетување на сајтот, пречекани сте од мапа од целиот свет. Преку мапата можете да изберете одредена држава, а потоа и деценија за да слушате песни од изведувачи од таа земја во одреден временски период. Најблиску до Македонија што можевме да дојдеме е да избереме Југославија и да преслушаме интересни нумери од изведувачи во најразлични временски периоди.

Доколку сакате навистина да се изненадите во поглед на откривање музика, можете да изберете да ви се нуди брза, бавна или „чудна“ музика. Паралелно со ова, можете и да создавате најразлични плејлисти. Доколку некоја песна ви се допадне, можете да ја лајкнете, а и да го заследите лицето кое ја открило песната (дел од овие работи се заклучени зад претплата).

Доколку навистина сте импресионирани од невообичаениот концепт кој стои зад Radiooooo, можете да се претплатите на месечно или годишно ниво за да можете всушност да ги лајкнувате песните, да прескокнувате песни, да ги враќате, и уште неколку други предности.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top