Formula Legends: Мал, симпатичен симулатор на тркање со формули

во гејминг

Formula Legends, развиена од студиото 3DClouds, е игра која нуди интерактивно патување низ шест децении од најпрестижниот мотоспорт со четири тркала. Наместо да се фокусира само на една сезона или ера, Formula Legends ви нуди можност да седнете во кокпитот на легендарни болиди, инспирирани од златните времиња на трките, и да се натпреварувате на патеки што се менувале низ годините. Со уникатен пристап што ги комбинира аркадната забава и симулациската длабочина, играта цели да ги задоволи и новите играчи и искусните ветерани во жанрот.

Баланс помеѓу аркадно искуство и симулација

Она што ја издвојува Formula Legends од конкуренцијата е sim-cade модот на играње. Па така, за почетниците, играта нуди широк спектар на асистенции, како што се помош при кочење, контрола на тракцијата и идеална линија на движење, што овозможува веднаш да се впуштите во акцијата.

Меѓутоа, под наубата на оваа пристапна машинерија се крие и сложена симулација. Доколку сакате да живеете опасно, можете да ги исклучите сите асистенции и да се соочите со предизвици како што се трошење на гумите, потрошувачка на гориво, оштетување на возилото и динамично менливи временски услови. Трките може да започнат на сончево време, но ненадеен дожд или бура целосно ја менуваат стратегијата, принудувајќи ве да ги промените гумите сред трка.

Графика, звук и автентичност на ерата

Formula Legends користи стилизиран графички пристап кој има за цел да го долови духот на секоја специфична ера, наместо фотореализам. Болидите од 70-тите се претставени со нивната сурова, механичка естетика, додека модерните возила блескаат со комплексна аеродинамика. Патеките како Белгија и Унгарија се достапни во класични и модерни варијанти, овозможувајќи ви да видите како овие легендарни локации се менувале низ годините. Посебно внимание е посветено на деталите, како што се различните кациги на возачите и спонзорите специфични за дадениот период.

Formula Legends се појавува како освежувачки наслов во презаситениот пазар на тркачки игри. Ако сте љубител на историјата на моторспортот, ќе уживате во патувањето низ различните децении и можноста да ги возите дигиталните реплики на иконските болиди. Ако сте нов играч кој бара забавна и пристапна тркачка игра, големиот број на асистенции ќе ви овозможи да се натпреварувате без преголеми фрустрации. За хардкор сим-тркачите, играта ќе се потруди да понуди доволно длабочина преку симулациските елементи, но не е се сјајно и потребни се неколку закрпи за да се искоренат одредени неправилности поврзани со управувањето. Со оглед на тоа што е достапна бесплатна демо верзија за сите главни платформи, нашата топла препорака е да ја пробате и да видите дали е ова игра која го заслужува вашето моментно внимание.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk